Главната цел на овој тренинг е да се подобрат компетенциите во областа на креативноста и иновативноста при употреба на методите и алатките за работа со млади. Преку учество на овој тренинг ќе ги зголемиш твоите вештини и ќе и помогнеш на твојата организација да понуди поширок спектар на едукативна понуда прилагодена на потребите и можностите на целната група.

Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг  “Design Gaming“ од 11.08-19.08.2022 во Полска.

Вештини кои ќе ги развиете за време на тренингот:

  1. Како да се креираат и користат различни видови игри во образованието
  2. Развивање на твојата креативност
  3. Управување и организирање настани, вклучително и промоција на истите
  4. Работа во меѓународен тим

Повеќе информации за тренингот може да прочитате на следниов линк.

Доколку имаш над 18 години и си подготвен/а да земеш учество во текот на целиот тренинг, пријави се на следниов линк.

Рокот за аплицирање е до 04.08.2022, до 12:00 часот.

За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 071 227 276