Осуммина млади членови на Младите можат, инспирирани и мотивирани од истите причини – отсуството на желба кај младите за да се развиваат себеси преку неформалното образование, но исто така можеби и недоволната поддршка на веќе постоечките активности од страна на институциите, во месец ноември минатата година учествуваа на дводневната обука за промоција на активизмот и волонтерството во Охрид. Како резултат на оваа обука, тие се здобија со некои првични знаења за тоа како треба тие како тинејџери да ги преточат нивните идеи во добро организиран и структуриран план со активности за позитивни промени во нивното општество.

    

   

Почнувајќи од ноември 2022 година, тие успеаја да реализираат повеќе активности преку кои ги активираат нивните врсници на најразлични теми. Подготвија видео за промоција на волонтерството пред младите, остварија состанок со останатите организации од Охрид со кои разговараа за тоа на кој начин тие можат да пристапат да младите од Охрид бидат поактивни во општеството. Остварија соработка со НУ Центар за култура “Григор Прличев” и промовираа културни настани кои се случуваат во Охрид.

Но, нивната главна цел беше да стигнат до другите млади во градот и да ги поттикнат да волонтираат и да сфатат како преку волонтирањето тие имаат многу придобивки кои не ги добиваат така лесно во нивното секојдневие. Па затоа, организираа јавна трибина и работилница за претставување на различните форми на волонтирањето и како тие влијаат на нивната кариера, а потоа реализираа и работилница за личен развој, следена од онлајн дискусија за менталното здравје кај младите.

Како може да им се приклучиш?

Со завршувањето на сите планирани активности тие не сакаа да ја заокружат приказната на се она што го направиле досега. Па затоа оваа година продолжуваат со активностите и со желба да им се приклучат што е можно повеќе млади од Охрид.

Доколку живееш во Охрид, сакаш да волонтираше и да ги поттикнеш и твоите врсници да го направат истото пријави се на гугл формата и почекај да те контактираат нашите волонтери од Орион.

Волонтирај во Охрид!пријави се тука

*Поддршката за реализација на овој процес беше овозможена од страна на германската фондација Schüler Helfen Leben.