Главната цел на овој тренинг е да се подобрат компетенциите во областа на креативноста и иновативноста при употреба на методите и алатките за работа со млади. Преку учество на овој тренинг ќе ги зголемиш твоите вештини и ќе и помогнеш на твојата организација да понуди поширок спектар на едукативна понуда прилагодена на потребите и можностите на целната група.
Отворен е повик за учесници на Еразмус+ тренинг “Design Gaming“ од 11.08-19.08.2022 во Полска.
Вештини кои ќе ги развиете за време на тренингот:
- Како да се креираат и користат различни видови игри во образованието
- Развивање на твојата креативност
- Управување и организирање настани, вклучително и промоција на истите
- Работа во меѓународен тим
Повеќе информации за тренингот може да прочитате на следниов линк.
Доколку имаш над 18 години и си подготвен/а да земеш учество во текот на целиот тренинг, пријави се на следниов линк.
Рокот за аплицирање е до 04.08.2022, до 12:00 часот.
За сите дополнителни информации можеш да ни пишеш на [email protected] или да не контактираш на следниов телефонски број 071 227 276