Проектот “YOUNG MAN’S INITIATIVE” има за цел да обезбеди поддршка на младите да развијат здрави животни стилови и да го зголемат учеството на младите во животот во заедницата. Како прва активност од проектот спроведуваме “Истражување на перцепциите за животот на младите мажи и нивните односи со заедницата”.
Оваа работилница за партиципативно учење и вклучување ќе се одржи на 13ти и 14ти декември 2022г. во канцелариите на Младите можат. Потребни се 20 млади учесници на возраст од 15 до 22 години кои живеат или престојуваат во град Скопје.
Во 2 дена ќе спроведеме серија структурирани активности и групна дискусија со цел подобро да ги разбереме изборот на животниот стил на младите мажи и општите односи и врски кои тие ги градат со заедницата. Како дел од овие активности, ќе бараме од младите учесници да размислуваат за позитивните и предизвикувачки аспекти да се биде млад човек во нивните заедници денес, вклучително и искуства на насилство и можности да се живее без насилство. Главната цел на активностите е да се утврдат димензиите на машкоста и насилството во целните заедници. Врз основа на наодите од оваа работилница, проектните партнери ќе ја приспособат програмата CARE М – Родов пристап кон градење животни вештини за здрава транзиција кон машкоста, ќе се усогласат со потребите и ќе развијат програма за работилници од врсници – која ќе користи родови права со фокусирање на машкост (и) и деконструира некои од предизвиците, младиот маж во адолесценцијата. Прирачникот се обидува да изгради вештини неопходни за младите мажи во Северна Македонија да развијат здрави односи засновани на родова еднаквост, да го разберат нивниот физички, сексуален и емоционален развој и да се однесуваат на сите форми на насилство во нивниот секојдневен живот.
Пријави се на следниов линк.
За сите учесници на работилницата се обезбедени работни материјали, освежување и ваучери за опрема од Техномаркет.
Проектот се спроведува во партнерство помеѓу CARE International Balkans, ЦИКП Северна Македонија и Младите можат.