Social Day, добро познат концепт во нашата држава кој по втор пат овозможува општество во кое младите се лидери на сегашноста и иднината. Програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процеси кои им овозможуваат подобар образовен процес и кариерно насочување.

На 9 Ноември 2022г. преку Social Day се оствари соработка помеѓу младите и бизнис заедницата. Од една страна младите беа дел од општествената промена, а од друга страна бизнис заедницата е „ин“ и додели дневници за поголем младински фонд. Идејата е едноставна, младите луѓе заменија еден ден на училиште за работа која тие ја одбраа, односно покрај тоа што млади донираа дел од своето време, сега тие ја донираат и својата дневница за да бидат поттикнувачи на општествена одговорност, развој и солидарност за реализација на младински проекти во нашата држава. Со тоа, тие креираа младински фонд од вкупно 175 500 денари кој во наредните месеци ќе подржи 2 проекти, иницирани и водени од младите.

Проектите треба да имаат за цел да решат некој општествен проблем кој најмногу ги засега младите. Односно:

  • Зајакнување на положбата и подобрување на животот на младите на кој било начин.
  • Оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат.
  • Проекти кои одговараат на моменталните потреби и имаат влијание на положбата на младите денес.
  • Проекти кои по завршување на рокот за имплементација имаат потенцијал да бидат самоодржливи.

Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?

Младинскиот фонд ќе поддржи проекти во максимален износ до 60 000 денари.

Како се аплицира?

  1. Детектирај проблем од твојата најблиска заедница (училиште, факултет, маало, општина)
  2. Собери тим од 3 до 6 млади луѓе, разговарајте за проблемот: зошто истиот се појавува, кој го предизвикува, какви последици проблемот има врз околината, кој е најмногу засегнат од истиот
  3. Пополни ја апликациската форма каде што ќе го пријавиш проблемот за којшто разговаравте
  4. Чекај да те исконтактираме за наредната фаза, а во меѓувреме размислувај за проблемот и за можните решенија како да го надминеме проблемот

Кој може да аплицира?

  • млади лица од 15 – 29 години
  • може да се аплицира како тим од 3 до 6 млади
  • минимум еден член од тимот треба да учествувал на Social Day 2022
  • Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за своите врсници.

* сите членови на тимот мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот.

Краен рок за аплицирање: 11.12.2022 година (23:59)

Фази при пријавување и реализација на проектите коишто ќе бидат поддржани од фондот на Social day:

22.11.2022 – Отворање на повик за пријавување на проблеми

11.12.2022 – Последен ден за пријавување на проблеми

14-15.12.2022 – Прва фаза на селекција – презентација на проблемот пред Младите можат и убедување зошто треба да помине во наредната фаза

16.12.2022 – Резултати од првата фаза на селекција

Декември 2022 – Јануари 2023 – Менторска поддршка за разработка на проблемите и нивно преточување во конкретни проекти

Јануари 2023 – Втора фаза на селекција: Компетитивен хакатон за избор на 2 поддржани проекти

Февруари – Март 2023 – Период на имплементација на проектите

За сите прашања може да се обратите на меил адресата на Младите можат [email protected] или на 078 31 39 31.