Те интересира работа со млади? Сакаш да волонтираш во најголемата Германска младинска фондација?
Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Schuler Helfen Leben и е во времетраење од 13 месеци во Lübeck или Neumünster, Германија.
Времетраење: 13 месеци – средина на јули 2019 до средина на август 2020. (Вклучен е 26 дневен одмор)
Локација: Канцеларии во Lübeck или Neumünster
Идеална возраст за учесниците е од 18-23 години. Очекуваното ниво на учесниците на Германски јазик е минимум Б1, доколку е потребно, ќе бидат организирани понатамошни курсеви обезбедени од Schuler Helfen Leben.
Организацијата ги покрива сите директно поврзани трошоци со волонтирањето вклучивајќи ги: сместување, патни трошоци, педагошка поддршка, месечен џепарлак, виза, здравствено осигурување, обемна програма со семинари и останати неопходни трошоци.
Lübeck– Регионален координатор
Обврските на Регионалните координатори ќе вклучуваат подготовка на работилници и презентации кои ќе ги држат во училиштата ширум Германија на теми „Што е Балканот?“, „Што е Сирија?“, „Зошто е важен граѓанскиот активизам таму?“ и инфо штандови за млади, нивно информирање и поттикнување на младински активизам.
Потребни квалификации се:
- Презентациски и комуникациски вештини
- Љубопитност и емпатија
- Самостојност и издржливост
- Самодоверба и одговорност
- Толеранција и сочуство
- Интерес за работа со деца и млади
- Основни технички вештини (автомобил, компјутер и сл.)
- Возачка дозвола Б категорија
- Најмалку B1 познавање на германскиот јазик
Lübeck – Координатор за кампањи
Одговорности на волонтерот за позицијата координатор за кампањи ќе бидат:
- Планирање и реализација на кампања
- Дизајн на материјали за принт, видеа и слично
- Техничка администрација на веб страна
- Работа со Фотошоп, InDesign и видео едитирање
- Продукција на видеа и содржина за социјални мрежи
Потребни квалификации:
- ИТ знаење и разбирање на неколку хадверски и софтверски апликации
- Креативност
- Тимски работник
- Сензитивност и толерантност
- Возачка дозвола Б категорија(до старт од волонтерството)
Neumünster – волонтер
Одговорностите на волонтерот ќе бидат:
- Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на почетен и завршен семинар
- Поддршка во планирање, спроведување и евалуација на интернационални средби и академии
- Однос со јавност
- Поддршка на локални млади во развивање проекти и спроведување
Потребни квалификации:
- Можност да работат во тим
- Самодоверба и одговорност
- Емпатија и толерантност
- Желба да работат со млади
- Основни познавања на компјутерски програми
- Искуство со волонтирање во младински организации, планирање и спроведување активности како работилници/семинари
Начинот на аплицирање е со испраќање на следните документи:
- Пополнет апликациски формулар
- Мотивациско писмо со содржина не повеќе од една или две страни. Во него објаснувате зошто одлучивте да аплицирате, од каде ви доаѓа мотивацијата и зошто токму вие сте вистинската личност за да волонтера на оваа можност
- Табеларно CV
- (Незадолжително) Сертификати, квалификации од проект, работно искуство и слично
Документите се испраќаат на мејлот [email protected].
Рок за аплицирање: февруари 17ти, 2019та
Повеќе информации на линковите подолу:
Lübeck: https://tinyurl.com/yauvh6xt
Neumünster: https://tinyurl.com/yavn95lo
Доколку сте заинтересирани за аплицирање или имате дополнителни прашања, обратете нѝ се на [email protected] или на формата подолу.
[wpforms id=”2773″]