Музиката живее во нас, ние ја оживуваме надвор од нас. Секој има свој мотив зошто и начин како да ја оживее. Мислиш и создаваш, а создавањето е мисла во форма. Каков облик ќе и дадеш на формата? Пронајди ја во сам себе.

Што? Еднодневна работилница
Кога? 27 Октомври, 2018
Каде? СУГС Орце Николов
Со кого? Лука Ѓоргиевски
Возраст на учесници? 18-21
Идеја и цел? Поврзување на музика со самозапознавање на ниво на личност.

11:30 – 12:00 – Регистрација
12:00 -14:00 – Зошто музика, екстерни и интерни влијанија врз креативниот процес, увид во нашата креативна состојба
14:00 – 14:30 – Пауза
14:30 – 17:00 – Што вистински можеме…

Аплицирај за учество на овој линк: https://bit.ly/2CrkBs2

Идејата за оваа работилница, која дојде токму од страна на фасилитаторот на истата – Лука Ѓоргиевски, се реализира како настан од страна на неколку активни членови од тимот за ментално здравје на Младите можат, со негова поддршка.