Повик за волонтери во Полска (Европски солидарен корпус)

Младите можат спроведуваат повик за волонтери за Европскиот солидарен корпус (порано познато како Европски волонтерски сервис).  Како партнери на Фондацијата Институт за креативни акции и ФЕРСО од Полска,  проект во рамки на Европскиот солидарен корпус се спроведува во Лоѓ, Полска.

Ти можеш да бидеш волонтерот кој ќе има можност да живее и волонтира во Полска на една од 4 различни области! Проектите започнуваат од 1 септември 2019 до 31 јули 2020 година, волонтерите ќе треба да учествуваат во текот на 11те месеци.

Волонтирањата се во 4 области според местото на волонтирање:

Основно училиште:

  • Активностите ќе бидат организирање интернационални интеркултурни работилници, помош со активности од училиштето како фестивали, патувања и настани, подучување игри и песни, DIY часови, креативни дизајни. Во рамки на активностите има многу простор за спроведување на твоите идеји!
  • Оваа волонтерска позиција е за волонтер/ка кој/а е отворен/а за работа со дева и млади, се очекува желба за соработка и учење на нови методи за работа, желба за споделување на знаење и искуство како и самоиницијативност

Градинка:

Доколку си заинтересиран/а да работиш со деца, сакаш да правиш кул работилници на тема одредена од тебе – можеш тоа да го правиш. Одбирајќи тема на која сметаш дека можеш да организираш надворешни настани, работилници и слични настани – можеш да стекнеш различни компетенции. Во рамки на оваа волонтерска позиција можете да одберете на која од темите ќе работите: екологија, глобална едукација или пак култура.

Библиотека:

  • Активностите се во рамки на организирање работнилиц за млади и деца, креирање креативни дизајни и приказни во рамки на библиотеката, помагање со различни активности на библиотеката. Од волонтерот се очекува да е отворен за учење, да има желба да работи со различни возрасни групи, и позитивна соработка со сите засегнати во проектите

Образовен центар „3 Floors“:

  • Активностите во образовниот центар се најразлични, од помагање на различни проекти до остварување на вашиот. Одлична можност да дознаете како да менаџирате проект. Ќе бидете во улога на поддршка на интернационални и локални проекти и организирање работилници.
  • Работата од позади канцелариско биро и работата во центарот на градот ќе бидат честа појава и разноликоста во оваа позиција е најголема. Позитивно однесување со соработници, желба за учење и учење на работа на проекти се некои од потребните квалификации на волонтерите

Начинот на аплицирање, целосниот повик и детали можете да најдете во документот. Рокот за аплицирање е до 15 август 2019та.

Организацијата овозможува здраствено осигурување, сместување, интернет, храна, месечен џепарлак. Патните трошоци во висина од 275 ЕУР за повратна карта ќе бидат рефундирани од страна на организацијата. Овој проект е поддржан од Еразмус+ програмата на Европската комисија.

Волонтерите кои ќе бидат вклучени во овој проект ќе добијат Youthpass сертификат на крај од ЕСК проектот кој ќе биде доказ за неформалното учење и искуство во текот на 11те месеци.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè на [email protected]