- Дали си прецизна и секогаш навремена личност, која секогаш има план за целиот ден?
- Или пак вообичаено целиот ден прокрастинираш и имаш тековни навики кои те прават неуреден/на?
- Како го менаџираш твоето време вообичаено, а како во време на изолација?
Ситуацијата ни налага да се грижиме за нашето ментално здравје повеќе од било кога. Токму заради тоа како дел од изолацискиот #МаратонЗаМенталноЗдравје, објавуваме повик за учесници на онлајн работилница на тема МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕ.
Иако, во време на изолација можеби ни се чини дека имаме неограничено време, сепак не е така. Времето е основен ресурс кој на сите ни е на располагање во идентична количина -24 часа на ден. На оваа кратка работилница ќе имаш можност да поразговараш со твои врсници и со тимот на Младите можат, да пронајдеш што ти го “троши” времето, да направиш план за тоа како да го поминуваш твоето време во изолација поквалитетно и попродуктивно. Дополнително, на истата ќе биде претставен распоредот на Младите можат за серијата на работилници поврзани со грижа за нашето ментално здравје.
За кого?
Работилницата е наменета за сите млади од 15 до 29 години од целата територија на нашата држава. Поттикнати се да аплицираат сите млади и оние кои се чувствуваат супер продуктивни и организирани, но и оние кои не успеваат да го изменаџираат своето време на продуктивен начин.
Кога и каде?
Работилницата ќе се одржи на 2ри април 2020г. (четврток), со времетраење од 14.00 до 15.30 часот. На сите пријавени ќе им биде испратен линк на меил од дигитална платформа на која ќе биде одржана работилницата.
Како да се пријавиш?
Можеш да се пријавиш со пополнување на кратка контакт форма којашто е достапна на следниот линк, најдоцна до 01.04 (среда). Бројот на места не е ограничен, можност да ја следат работилницата ќе имаат сите заинтересирани млади.