Дали навистина се потребни специјални направи, теретани и знаења за да се практикува спортот? Надворешната средина како алатка за спортување станува се поголем тренд меѓу младите. Се повеќе се заменуваат теретаните и специјалните опреми со паркови и детски игралишта.
Association Farinoise Sport Sante et Culture ја организира младинската размена за сите ентузијасти за вежбање на отворено. Млади од Европа ќе имаат можнсот да се запознаат со нови начини на вежбање и да ги споделат своите.
Каде? – Saint-Étienne-la-Varenne, Франција
Кога? – 20ти до 28ми Март 2018
Кој? – 4 млади од 16-30 години
Како критериуми за селекција на кандидатите ќе биде земена во предвид мотивацијата за учество во размената а предност ќе имаат кандидатите кои се активни членови во Младите можат.
За присуство на размената потребно е да се плати sending fee во износ од 500 денари, како и 40 евра котизација. По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/училишта/факултети и слично.)
Повеќе информации можете да најдете во infopack-workout-lyon
Рокот за аплицирање е 02.03.2018 16:00 часот. Можеш да аплицираш на линкот.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни на [email protected].