Си размислувал/а да се запознаеш со претставници од твојата општина? Да ги осознаеш можностите кои општината ги нуди на младите? Да бидеш слушнат и да соработуваш заедно со возрасните?

Ти пречи загадениот воздух? Немаш младинско катче во општината? Сакаш да возиш велосипед, а нема соодветни услови?

Преку учество на програмата за локален активизам „Младински Локални Иницијативи“ ти ја нудиме можноста директно да соработуваш со локалните власти и да спроведеш иницијатива за подобрување на општествен предизвик, којшто лично ТЕБЕ те засега.

Повикот е отворен за сите млади жители на општината Делчево, на возраст од 16 до 24 години.

Целта на проектот е да ги мотивира младите да учествуваат во остварувањето позитивни промени заедно со локалната власт, промоција на младинскиот активизам како и стекнување на вештини за личен и професионален развој.

Програмата се состои од фази:

  • Градење на капацитети на учесниците (целодневни обуки на 01ви и 02ри март )

Во оваа фаза, учесниците ќе присуствуваат на два модули од обуки на кои ќе стекнат вештини за тимско работење и лидерство, проектно планирање и детектирање локални проблеми. Овие знаења и вештини ќе можат да ги употребат во фазата на имплементиција на иницијативите. Исто така ќе се запознаат со начинот на функционирање на општината и претставници од локалната власт.

  • Имплементација на локални иницијативи (март-мај 2018 година)

Предност во периодот на селекција ќе имаат апликациите кои:

  • Се мотивирани да учествуват во двете фази на проектот
  • Се жители на општината Делчево
  • Се на возраст од 16 до 24 години
  • Се во можност да присуствуваат на сите обуки
  • Имаат желба за решавање на локален предизвик
  • Се активни членови на Младите можат

Преку учество во овој проект, имате шанса да развиете вештини, стекнете ново искуство, запознаете претставници од локалната власт, да влијаете на начините да носење одлуки и да бидете идната генерација на млади агенти коишто ќе го направат светот подобро место за живеење.

Можете да аплицирате на следниот линк. Рокот за аплицирање е 27.02.2018 во 23:59.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].

Програмата за локален активизам „Младински Локални Иницијативи“ е дел од проектот “Академија за младински активизам” кој е реализиран од Младите можат со поддршка од Schüler Helfen Leben.

*Присуството на сите фази е задолжително.