Младите можат распишува повик за членови на Управен одбор на Младите можат, управно тело на организацијата. Управниот одбор на Младите можат брои 3 или 5 членови.
Управниот одбор ги има следните права, обврски и одговорности:
• се грижи да се спроведат статутарните задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието;
• го избира Извршниот директор и членовите на Извршната канцеларија по претходно објавен јавен повик;
• ја одобрува Годишната програма предложена од Извршниот директор и Извршната канцеларија;
• разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата до Извршниот директор и Извршната канцеларија;
• разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката за подготовка на проектни и други ангажмани;
• го разгледува Годишниот извештај за работата на Младите можат и дава свое мислење пред да биде достапен до јавноста;
• предлага измени и дополнувања на Статутот;
• усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со Младите можат;
• донесува правилници за внатрешно работење, верификува спогодби со други организации, меморандуми за разбирање и пристапување кон сојузи на организации;
• право да свика седница на Собранието по барање на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието на Младите можат;
• одлучува за финансиското раководење на организацијата во консултација со Извршниот директор;
• одобрува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
• врши евалуација на работата на Извршниот директор и Извршната канцеларија најмалку два пати годишно;
• одобрува избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на Младите можат;
• ја следи транспарентноста и демократското функционирање на Младите можат;
Кандидатите за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следните услови:
• Минимум двегодишно искуство во младинска организација
• Минимумдвегодишно искуство во планирање, подготвување и спроведување на младински проекти и имплементирање на акции;
• Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
• Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
• Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
• Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
• Способност за работа во тим.
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат:
-Кратка биографија
-Мотивациско писмо
–Пополнет апликациски формулар
Мандатот на членовите на Управниот Одбор ќе биде до следната седница на Собранието на Младите можат.
Уредно пополнетите документи кандидатите да ги достават до [email protected] најдоцна до 23.03.2018 (23.59) со наслов “Апликација за член на Управен Одбор”.
*НАПОМЕНА: Функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.