Дали си размислувал/а да ја посетиш Романија и во меѓувреме да се запознаеш со личности од најразлични земји?  Младите можат отвара повик за 6 млади на младинската размена “Media4You” во Констанца, Романија!

Размената вклучува две активности:

  • Advanced planning visit (APV) – средба за подготовка на младинската размена од 3ти до 6ти октомври
  • Младинска размена “Media4You” – од 27ми октомври до 3ти ноември

Целта на проктот е 66 млади од различни земји да ги согледаат недостатоците и да направат позитивни промени во медиумската писменост денес, социјалниот дијалог и критичкото размислување.

Освен Македонија, во проектот ќе учествуваат и Грција, Турција, Словачка, Бугарија, Италија, Србија, Литванија, Геманија, Хрватска и Романија.

Фокусот на размената ќе биде на:

  • Подобрувањето на вештините за употреба на медиумите кај младите и можностите да пронајдат корисни информации во медиумите
  • Подобрување на можноста кај младите критички да ги оценуваат медиумските информации
  •  Зајакнување на можноста на младите да се вклучат во партиципативен и конструктивен дијалог за медиуми

Критериуми за учество на оваа размена се:

  • Мотивација
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Членство во Младите можат

Ако си заитересиран/а, аплицирај на линкот до 05.09.2019 до 23:59 часот. Повеќе информации можеш да најдеш во документот.

Размената е финансирана од страна на TEAM4Excallence (T4E). Организаторот на оваа размена обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Романија – Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување).

Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].