Дали сте спремни за 12 месечна авантура во Вроцлав, Полска?
Ве исполнува работа со деца и сакате да се стекнете со нови вештини?

Доколку си на возраст од 18 до 30 години и досега не си бил на ЕВС овој проект е вистинската шанса за тебе!
Младите Можат и The Foundation of Social Prom од Вроцлав, Полска објавуваат повик за 8 ЕВС волонтери во градинки во Вроцлав, Полска.

Ангажманот започнува од 1ви април 2018 година.

 

Повикот е отворен за сите млади кои:
• Сакаат да работат со деца
• Имаат некакво искуство во кампување
• Поседуваат организациски вештини
• Имаат желба и мотивација да научат странски јазици
• Сакаат да работат во големи групи
• Да имаат искуство во работа со млади
• Позитивни и искрени ентузијасти за промена
• Одговорни, флексибилни и исполнителни

Хостинг организацијата на своите волонтери ќе им обезбеди :
• Месечен надоместок
• Автобуски билет
• Сместување со други волонтери
• Патен билет до Полска
• 7 часа работа во денот
• Часови по полски јазик
• 4 работилници

Преку овој проект ќе имаш можност да ги развиеш твоите вештини, да научиш нов јазик како и да запознаеш многу нови луѓе.

Доколку си заинтересиран можеш да аплицираш со испраќање на :
• CV и мотивациско писмо

По завршување на првиот круг од селекцијата ќе следуваат Skype интервјуа со хостинг организацијата.

Својата апликација можете да ја испратите на [email protected] 

Повеќе детали околу целиот повик, на следниот линк.

Рокот за аплицирање е 18.02.2018