„Идентификувај Инспирирај Делувајпристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.

Во рамките на проектот, поточно на почетокот на неговата втора фаза, Младите можат има потреба од ангажирање на двајца ментори на иницијативни тимови. Едниот ментор би бил ангажиран за менторирање на иницијативниот тим од 10 млади во Велес во период од три месеци (март, април и мај), а вториот ментор би бил ангажиран за менторирање на иницијативниот тим од 10 млади во Кочани во период од исто така три месеци (април, мај и јуни)

Ангажманот на секој од менторите предвидува:
– присуство на состаноците на иницијативниот тим
– одржување редовна комуникација
– одржување на еден-на-еден состаноци со членовите од тимот (доколку е потребно)
– подготвување и доставување на  месечни извештаи за својата работа до проектниот координатор според претходно направен темплејт
– фасилитирање на два процеси на евалуација на иницијативата и тимското работење (еден на средина на иницијативата и еден по нејзиното имплементирање)
– поттикнување на младите од иницијативниот тим  да се стекнат со нови знаења; да добијат увид во секојдневното работење во одредената област, да можат да ги идентификуваат своите предности и слабости; да стекнат поголема самодоверба; да развијат нови вештини за работење; да ги зајакнат меѓучовечките односи во тимот

Ангажманот на менторите е во период од три месеци и за истиот е предвиден паричен надоместок.

Потребни квалификации:

  • Минимум две години искуство во директна работа со млади со посебен фокус на менторирање на индивидуи и групи.
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност, посветеност;
  • Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на обуки од зачеток до финално известување
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проектот)

 

Начин на аплицирање: Со испраќање на ваша кратка биографија на [email protected] со назнака „Апликација за ментор [проект: Младински локални иницијативи]

Рок на аплицирање: 13ти февруари, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].

„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).