„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите.
Во рамките на проектот „Младински локални иницијативи“ Младите можат има потреба од ангажирање на графички дизајнер.
Ангажманот на графичкиот дизајнер предвидува изработка на сите потребни дизајни за сите повици, настани и активности.
Потребни квалификации:
– Претходно искус
– Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти)
– Високо развиени аналитички вештини;
– Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
– Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
– Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
Начин на аплицирање: Со доставување на CV на македонски или англиски јазик на [email protected].
Рок на аплицирање: 05ти септември, 14:00.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].
„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).