„Идентификувај → Инспирирај → Делувај“ – пристап кон младинските проблеми по кој Младите можат е позната и на основа на кој до сега се имплементирани голем број успешни проекти. Од септември, 2018та г. следува уште еден едногодишен проект во рамките на организацијата преку кој ќе ги идентификуваме младинските потреби и предизвици и ќе ги инспирираме младите по што тие ќе делуваат за адресирање и решавање на истите – Младински локални иницијативи.
Во рамките на проектот, поточно во неговата прва фаза „Истражување за потребите и предизвиците со кои младите луѓе во Кочани и Велес се соочуваат“, Младите можат има потреба од ангажирање на анкетари за теренско истражување во општина Велес и во општина Кочани.
Целта на истражувањето е преку теренски анкети и фокус групи да се идентификуваат потребите и предизвиците кои младите луѓе ги имаат во двете општини соодветно. Добиените резултати од истражувањето, односно идентификуваните потреби и предизвици ќе послужат за планирање и имплементација на тримесечни локални младински иницијативи за застапување.
Анкетарите се очекува да почнат со работа на 20ти октомври. Нивниот ангажман би траел еден месец – од 20ти октомври до 20ти ноември и за истиот е предвиден паричен надоместок.
Ангажманот на анкетарот предвидува:
- Присуство на обука за спроведување анкети
- Спроведување на планираниот број теренски анкети на конкретните локации во предвидениот временски рок
- Редовна комуникација со проектниот координатор
- Внесување на анкетните прашалници во електронски формулар
- Поднесување на финален извештај за теренската работа
Потребни квалификации:
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на активности од зачеток до финално известување
- Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проектот)
Начин на аплицирање: Со пополнување на апликацискиот формулар достапен на овој линк https://goo.gl/forms/fwOGGzV518jOml3U2
Рок на аплицирање: 15ти октомври, 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].
„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат ќе го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).