Младите можат отвара повик за обучувач за зголемување на капацитетите на Извршната канцеларија и членовите на Младите можат за транспарентно работење и зголемена видливост, воведување на такви практики, известување и одговорност пред младите и различни механизми за постигнување на истото.
Задачите и одговорностите на ангажираното лице ќе бидат во рамки на дводневна обука за горенаведените теми и генерално за подобрување на комуницирањето на Младите можат со својата целна група.
Очекувани резултати од обуката:
- Стекнати знаења, алатки и методи за поголема видливост на работата на Младите можат со цел зголемување на довербата кај целните групи
- Подобрени практики за известување, транспарентност и отчетност за тековните процеси, за организациските програми, проекти и активности
Очекувано е обуката да се спроведе на 22 и 23ти октомври 2019 г..
Начинот на аплицирање е со испраќање на кратка биографија (CV), сценарио/агенда за дводневна обука и финансиска понуда.
Заинтересираните кандидати е потребно да ги достават своите апликации најдоцна до 10.10.2019 (23:59 часот) преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Пријава за обучувач за видливост.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
Овој повик е дел од проектот „Млади на иста фрекфенција“ кој има за цел подобрување на видливоста, транспарентноста и отчетноста на Здружение на граѓани Младите можат преку воспоставување на долготрајни механизми кои ќе овозможат зајакнување на организацијата во независен и влијателен актер во граѓанското општество.
Мислењата што се изразени овде им припаѓаат на авторите и не ги одразуваат ставовите на Македонски центар за меѓународна соравботка и Европската унија.
Проектот е финансиски поддржан од програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународнa соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].
0