Со четвртото издание на „Младински лидерски иницијативи“ 20 млади луѓе го разбудија лидерот во себе. Во текот на седумте дена кои учесниците ги поминаа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга работеа на темите за себе спознавање и тимска работа, кои се меѓу главните квалитети на еден добар лидер. Во ова помогнаа обучувачите Марија Стефанова и Деспина Стојановска кои неуморно го пренесуваа своето знаење кое го имаат стекнато во текот на нивната успешна психолошка кариера. Учесниците со целосно внимание ги пратеа обуките и желни за знаење го „впиваа“ секој збор од Марија Стефанова и Деспина Стојановска. Научија кои се нивните драјвери, во каква его состојба се, како да комуницираат со другите. Во вториот дел, обучувачот Анита Николовска, ја обработуваше темата на тимска работа. Во текот на тие обуки младите преку работа во групи се запознаа повеќе со улогите во тимот, како се комуницира во еден тим, која е разликата помеѓу поимите „тим“ и „група“ и поимите „лидер“ и „менаџер“. Сета таа работа се преточи во формирање на три тимови на три теми кои младите сметаат дека ги засегаат. Тие тимови ќе имаат задача во следните 3 месеци да ги остварат своите иницијативи со помош на нивните ментори и да допринесат кон општеството како прави лидери! Проектот е поддржан од Civic Engagement Project-North Macedonia преку наградата за младинско учество која Младите можат ја доби.