[Иницијативи] Младински лидерски иницијаитви

Проектот Младински лидерски иницијативи е во втората фаза на спроведување. На овогодинешното 4то издание на проектот поддржан од УСАИД, покрај стекнатата едукација преку неформално образование, 20тина млади формираа три тимови кои што во наредните три месеци треба да основаат свои иницијативи и да постигнат одредена цел

Септемвриските подготовки поминаа одлично и тимовите од „Лидерски“ се подготвени за реализација на своите иницијативи! Во следниот период ќе ги следиме нив и нивните постигнувања. Тимовите ќе работат на 3 различни теми, но со иста цел, остварување на позитивни промени во општеството. Запознајте ги иницијативите од Младински лидерски иницијативи:

Иницијатива КЛИК

Хеј��, една група на ентузијасти и активни членови на Младите можат би сакала да ве информира околу некои работи за кои сигурно сте се запрашале како да ги направите!!�� Во претстојниот период екипата ќе имплементира иницијатива со цел запознавање на младите со одредени прашања кои ги засегаат��.. Тимот на ММ цврсто верува дека може да направи голем импакт во општеството и да ги мотивира младите со цел да се развијат и да направат промена пред сѐ кај самите себе, а потоа и во општеството�� Следете нѐ будно!��

Пораснав, што сега?

Поттикнати од еден распространет проблем кој ја опфаќа нашата младина, членовите на еден од трите тимови Бојана, Вера, Моника, Далибор, Ивона, Марија и Венера се одлучија за иницијативата “Пораснав, што сега?” која има за задача да ја покрене свеста околу потребата за кариерно насочување на младите при изборот на својата професија и образование.

Youth Impact

Оваа иницијатива има идеја да ги мотивира младите луѓе за да направат импакт кон општеството / околината. Преку оваа инцијатива сакаме да им покажеме на младите дека тие се активниот дел од секое општество, и секој предизвик може да биде надминат од група на мотивирани млади луѓе.