Во периодот од 9-26 Јули во Омен, Холандија се одржа за прв пат младинската размена “Utopia” организирана од страна на невладината организација Cherry International Foundation од Холандија. Целта на проектот беше учесниците да создадат своја утописка држава од темел.
Предизвиците со кои се соочија младите од Македонија, Грција, Романија, Унгарија, Португалија, Шпанија, Литванија и Италија, им овозможија да ја видат поголемата слика, и како секоја индивидуа може да допридонесе за подобро општество.
На почетокот “утописката држава” e без струја, без топла вода, само два тоалети, без кревети, без кебиња, територија толку мала, што е распространета само во 2 соби, кои беа искористени за спиење во вреќи од страна на сите 45 учесници.
Со одминувањето на времето, заедничката работа на сите млади и одличното соочување со секојдневните предизвици државата беше доведена до највисоко ниво во кое што секој учесник имаше свој кревет, на располагање беа околу 10тина тоалети и територијата се прошири за дополнителни два спрата од куќата.
Учесниците имаа можност преку outdoor experience делот на размената, да ја истражат Холандија подобро, и во рок од 6 дена секоја од групите посети по 5 градови.
Младинската размена “Utopia” е дел од Ерасмус + програмата.
“Во сета таа збрка, немање телефон, струја, удобен кревет за спиење се разви едно преубаво другарство меѓу нас учесниците. Можам да кажам дека станавме дури и фамилија. Лично јас мислев дека без телефон нема да издржам и ги броев деновите за кога ќе ги добиеме назад. Но, сабајлечкото будење од првите ранобудци наместо алларм, готвењето , вечерните седенки,мислењето за како да го подобриме нашиот свет, јадењето marshmallows на оган и играњето Уно до сабајле ми го свртеа светот за 360 степени. Во сите тие дешавки се развиваше дискусија за тоа колку ние навистина ги цениме вистинските вредности во животот, а колку им придаваме значење на материјалните пролазни нешта. Ништо не би менувала. Дефинитивно едно од најубавите искуства што не се заборава и се памети цел живот.”
– Стефи, учесник на размената