Младинската иницијатива „Обединети од различностие“, со низа активности кои ќе се спроведат во периодот од мај до јули, се трудат да постигнат подобар соживот и да ги прифатат мегусебните различности. Пикник, ораторска вечер, поетски и филмски конкурси и фудбалски натпревар се само дел од репертоарот кој има за цел да ги спои сите луѓе од Кочани, без разлика на националноста, полот, верата и потеклото.
„Обединети од различностите“ веруваат дека време е да се поништат границите и да се дејствува како единство. Затоа тоа ќе го спроведат тимски и ќе направат разлика во општеството.
Иницијативата е во рамки на проектот Младински локални иницијативи кој Младите можат го имплементира во општина Велес и општина Кочани. Таа следува по 2 модули на обуки преку кои младите стекнаа знаење и вештини за планирање, застапување, тимска работа, лидерство, правење промена во заедницата и младинско учество. Преку иницијативите за застапување тие ќе остварат соработка со општините се’ со цел да се овозможи долгорочна соработка со локалните власти која ќе придонесе кон подобрување на животот на младите.
„Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).