Media4You – Најголемата младинска размена покрај Романското крајбрежје

Во почетокот на овој месец се организираа 6 интензивни денови на презентации и дебати за промовирање на коректно користење на медиумите кај младите.

Со задоволство можеме да нагласиме дека 66 учесници од 11 европски држави се собраа во Романија, Констанца во сабота, 27 октомври. Нивната цел беше да ги подобрат компетенциите за медиумска писменост на младите луѓе и да издадат предупредување за вестите што го окупираат Интернетот. Така да, за една недела учесниците од Грција, Турција, Словачка, Бугарија, Италија, Србија, Северна Македонија, Литванија, Германија, Хрватска и Романија спроведоа активности во затворен и отворен простор со заеднички цели : Да им помогнат на младите да ги користат медиумите мудро, да ги анализираат медиумските пораки , да ја тестираат својата веродостојност и подобрување на нивното критичко размислување.

Тимовите од 11-те европски земји (вклучително и Романија) подготвија привлечни сценарија и вклучија млади луѓе во меѓународните работни групи. Активностите беа едукативни, интересни и забавни. Учествени игри, слики што пренесуваат пораки, работилници во врска со разбирање на начинот на кој информацијата ги перцепира младите, но и сесиите за анализирање на дистрибуцијата на информациите во мрежното опкружување, сите учесници се ценеа меѓусебно. Една од најатрактивните активности беше посетата на Стариот центар на Констанца. Откако пристигнаа во областа Казино, тие беа поделени во групи од 5-6 лица, и тие имаа задача да бидат известувачи : правеле интервјуа, разговарале со локалното население и фотографирале луѓе и места.

Долгоочекуваните интеркултурни вечери му дадоа можност на секој тим да ја претстави својата национална култура, танцови, носии, но и традиционалните деликатеси специјално подготвени за оваа пригодба.
Во четвртокот навечер, младите заедно ја славеа ноќта на вештерките и во петокот имаа корист од присуството на професионалци делегирани од лабораториите на Гугл во Букурешт кои организираа работилница која беше посветена на овој настан.

Активностите се одвиваа во Констанца помеѓу 27 октомври и 3 ноември и се организирани од страна на Team4Excellence во рамките на проектот Media4You: https://trainingclub.eu/media4you/. Проектот Media4You е дел од програмата Еразмус + организиран преку романската национална агенција за програми во заедницата од областа на образованието и стручното образование.

„ Секој ден беше се повеќе и повеќе интересен, исполнет со енергија и едукативен! Јас како учесник стварно бев воодушевен од сите активности кои беа реализирани и едвај чекав да зпочне следниот ден. Научив како правилно да се користат медиумите, да препознаам лажни и вистински известувања односно вести, како работат алгоритмите на социјалните мрежи и како правилно да ги користиме за наша придобивка и многу други работи! Оваа младинска размена беше прав пример за не-формално образование.“ – Симон Цветановски ( Тим лидер на групата од Младите можат).