Менталното здравје е многу битно во секојдневниот живот. Тој е неопходен чинител врз кој ние како личности се градиме и развиваме. Ако немаме цврста подлога и психичка подготвеност ние би биле: збунети, гневни, тажни, анксиозни, агресивни, повлечени и осамени. Па сигурно се прашувате како би можеле да ја подобрите и зајакнете вашата психолошка состојба. Ќе почнам со наједноставниот пример, читањето на книги има бројни бенефити: го намалува стресот , ве опушта и релаксира од долгиот ден. Кога читате вие се фокусирате само на таа активност и ништо друго со тоа ја подобрувате, концентрацијата, таа пак секогаш ни е потребна дали кога пишуваме, следиме настава, разговараме со некого, готвиме, возиме, играме некој спорт итн. Заклучуваме дека за скоро секоја активност ни е потребна концентрација, а едноставен начин за да ја возвишиме е да читаме. Кога читаме ние учиме нови зборови, со учењето на нови зборови пак ние го зголемуваме и збогатуваме нашиот вокабулар, со тоа ние ќе немаме потешкотии да направиме разговор на било која тема да се изразиме и да прочитаме долги статии без проблеми. Од книгите можеме да стекнеме толку многу знаење што ние не сме свесни. Ја подобруваме меморијата, самодовербата, можеме да научиме од нивните пишани искуства и да бидеме повеќе информирани за некоја тема за која сме заинтересирани, исто така ни се зголемува фантазијата бидејки кога читаме потсвесно си правиме филм во главата за настаните и случките кој се пишани во книгата. Лично јас сум голем љубител на книгата и сватив дека еден проблем со кој може да се соочите е редовност. Ние како луѓе не сакаме промени и затоа тешко ни е да воспоставиме здрави навики. Затоа пред да почнете со оваа навика на читање препорачувам да почнете од помали книги, не почнувајте со книги од 400-500 страници , гледајте барем 3 книги во месецот да прочитате, и кога ќе започнете некоја книга никогаш не ја оставајте на пола довршете ја. Толку сме “зафатени” со нашите обрски што многу ретко и малку посветуваме време на самите себе. Психичкото здравје е тесно поврзано со физичкото здравје. Некој ќе кажат :“Како кревањето на тегови и пешачењто ќе ми помогнат?Се е во главата не во мускулот”. Да се согласувам и не се согласувам. Едноставното ако не секојдневно 2 до 3 пати вежбање во неделата можат да ви го променат животот. Вежбањето го редуцира стресот и го зголемува производството на хормонот под име ендорфин кој е познат по продуцирање на позитивното чуство и намалување на перцепцијата на болка. Ја намалува анксиозноста и депресијата а тоа е докажано со бројни испитувања. Ова го посветувам за поединците кој велат дека се нон-стоп изморени,кога ке се вратат од работа, од роденден, од училиште, кога ќе станат од спиење тие се секогаш изморени. Иако се тоа мрзливи изговори сугерирам телесното вежбање или пак едноставното пешачење, трчање, планинарење, возење на велосипед било која активност која ќе ви ги раздвижи мускулите, ќе го забрза отчукувањето на срцето и ќе го зголеми протокот на крвта. Вежбањето не само што ќе ни ги наполни батериите за неделата туку ќе изградиме поголема самопочит кон себе и кон нашето тело, нема да се критикуваме и потценуваме туку ќе бидеме здрави и среќни. Освен практикувањето на фискултурата со неа тесно е поврзана и здравата исхрана. Ако ние вежбаме согоруваме калории, а не се храниме здраво тогаш залудно е воопшто да почнуваме со вежбањето. Здравата исхрана е мошне битна затоа што во нејзините раце е нашето физичко и ментално здравје, мислите, емоциите, чуствата итн. Ако јадеме што сакаме и кога сакаме тогаш ќе паднеме во големи неволји. Под здрава исхрана јас подразбирам строго јадење на овошје и зеленчук, храна која е богата со витамини, протеини, минерали а избегнување на храна висока во калорични вредности, јаглехидрати, шеќери, холестерол, замрзната и процесирана храна. Навиката за здраво јадење е неопходна затоа што здравата органска храна ни дава енергија за да ги завршиме нашите обврски, ги зајакнува нашите коски, го намалува ризикот за добивање на бројни заболувања какодијабетис, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, ризик од добивање на рак, замор, тешко дишење, прекумерна тежина др. За да ги избегнеме овие опасности пожелно е да се храниме здраво. Здравото јадење има психички ефект на нас ни помага да мислиме подобро, да ја задржиме концентрацијата, да спиеме полесно и едноставно да бидеме поздрави. Исто така за поголемо ментално здравје битно е да се дружиме и да бидеме социјални. Ние како човечки битија имаме една битна карактеристика а тоа е социјализацијата. Ако не комуницираме ние нема да имаме можност да ги изразиме нашите мисли и чуства, а со тоа се доведуваме до ризик за депресија и ниска самодоверба. Но сепак нагласувам потребна е голема свест и информираност за тоа со која група на луѓе се дружиме. Не секој пријател е добар пријател затоа треба да се дружиме со луѓе кој се релативно на наша возраст, делат слични интереси со нас, се позитивни, успешни и немаат никакви пороци. Се друго е залудно, ако талкаме со луќе кој не се позитивни и немаат добар карактер тогаш ние ништо ново нема да научиме, немаме никаков бенефит и паѓаме во ризик на лоша емотивна состојба и психичка манипулација. Комуникацијата подразбира и посветување време со нашето семејство, кое што секогаш треба да ни биде на прво место. Ако навистина сакаме да се ослободиме од секојдневните стресови тогаш на секој би му ја препорачал медитацијата. Многумина мислат дека медитацијата е религиозна, но таа во спротивно е универзална. Голем број студии докажуваат дека таа е непходна за нашето здравје. Нашиот најголем непријател сме самите ние и нашите мисли. Нашето его не може да седи мирно и постојано бара внимание, тоа никогаш нема да биде задоволено и наситено, тоа секогаш сака да е центарот на внимание и никој не смее на него да му пререче или да му каже што да прави. Тоа однапред знае се и не гледа потреба да ги сослуша мислењата на останатите. Медитацијата ќе ни помогне на многу начини, таа не само што ќе ни го намали егоизмот туку ќе не ослободи од разни и безвредни мисли, ќе ни даде потполна контрола над анксиозноста и стресот, ќе го зголеми и зајакне нашето внимание, ќе ни го исчисти умот и ќе ни го подобри емоционалното здравје. Медитацијата препорачувам да се практикува дневно по 10-15 минути за почеток, а како што ќе напредувате ќе го зголемите и времето, таа е бесплатна, бара малку труд и има долгорочни бенефити. За жал никој не едуцира за емоционалната писменост и принудени сме самоиницијативно да ја научиме од самостојно истражување и правење грешки. Ако не го истражиме светот и не излеземе од нашата зона на комфор ние никогаш нема да се дознаеме себе си и никогаш нема да го видиме нашиот вистински потенцијал. Потребно е да сватиме дека ние луѓето сме духовни а не матерјални битиа. Дека ништо не е лошо ниту добро туку нашите мисли не заслепуваат и го обликуваат и креираат настанот онака како што им одговара. Болестите кај луѓето се јавуваат како недостиг на душевен мир и внатрешен спокој, ништо помалку ништо повеќе.

Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.