Дали често размислувате за општествените проблеми и табу теми? Се доживувате како експресивна личност со многу идеи? Би сакале да ги споделите со останатите?

На младинската иницијатива Hack the Mental Health Stigma ѝ е потребна Вашата помош!

Ве повикуваме заедно да се бориме против стигмата и да поттикнеме дијалог за менталното здравје, со тоа што ќе учествувате на нашиот КОНКУРС со наслов „Хакирај-превенирај!“. Имате слобода креативно да се изразувате на различни теми од областа на менталното здравје (анксиозност, депресија, насилство, булинг, сексуално вознемирување, ментална хигиена и сл). Право на учество имаат сите млади на возраст од 15-25 години, во која било од следниве категории:

  1. Есеи (со должина: најмалку 500, а најмногу 1200 зборови)
  2. Фотографии  (во jpg формат)
  3. Ликовни творби (нема ограничувања во поглед на ликовната техника)
  4. Кратки видеа (со должина: најмалку 1, а најмногу 5 минути) – доколку видеата се некаде прикачени, испраќајте ни линкови

Конкурсот е отворен до 22 април 2018 година, а сите заинтересирани млади своите творби треба да ги испратат електронски на [email protected], со свои лични податоци (име, презиме, дата на раѓање, телефон за контакт и email адреса). Ликовните творби може да се испраќаат и на адресата на канцеларијата на Младите Можат: Ул. Охридска, бр. 39, спрат 3, стан 10, Скопје.

Од секоја категорија ќе бидат избрани две најуспешни творби: една од комисијата (тимот којшто ја спроведува иницијативата), а друга од фановите на Фејсбук страницата (постовите со најмногу лајкови). Покрај тоа што ќе помогнат за остварување на една благородна цел, авторите ќе добијат симболични награди!

Спроведено од тимот ентузијасти на Hack the Mental Health Stigma. Ние сме младинска иницијатива произлезена од проектот „Младински лидерски иницијативи 3“, имплементиран од ЗГ „Младите можат“, а поддржан од Национален младински совет на Швајцарија. Нашата цел е да ја покренеме свеста за важноста на менталното здравје и сериозноста на последиците од сите видови насилство.