На ден 22.05.2019 (Среда) во Локалната библиотека “Гоце Делчев” Велес, се одржа настанот “Една идеја, една цел” организиран од младинската локална иницијатива “Биди Промената”. На настанот учествуваа средношколци од стручните училишта “Коле Неделковски” и “Јовче Тесличков”, и велешката гимназија. Учесниците беа поделени во две групи и мапираа проблеми од областа на животна средина и волонтеризам. Решенијата што ги смислија ќе бидат реализирани понатаму. Останете во тек, наскоро ќе ви ги најават активностите кои произлегоа од оваа работилница! Работилницата е во рамки на младинската локална иницијатива за застапување која ја имплементира тим од 9 млади активисти во општина Велес, како дел од програмата за локален активизам од проектот Младински локални иницијативи. „Младински локални иницијативи“ е проект кој Здружението на граѓани Младите можат го имплементира, a e поддржан од Здружение за едукација Младиинфо Интернационал преку проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey”. Проектот “Youth Banks Hub for Western Balkans and Turkey” е финансиран од страна на Европска Унија и спроведуван од страна на 5 организации од регионот (Mladiinfo International од Македонија, Fondacija Ana I Vlade Divac од Србија, NVO Prima од Црна гора, Partners Albania од Албанија и Community Volunteers Foundation од Турција).
0