Човекот цел еден век веќе не е природен. Одамна голем процент на луѓе всушност не се луѓе, туку ЛУДИ МАШИНИ, програмирани и упростени.
Прв доказ за ваква теза и теорија е тоа дека се повеќе и повеќе нема луѓе што се емотивни, што ќе се соживеат едни со други, што ќе се разберат едни со други, што ќе раснат едни со други, што ќе имаат напредок едни покрај други, што ќе раснат во племенити луѓе. Туку се еден вид на инстиктивни глодари, кои кога и да видат мала емоција тие доаѓаат и ја цицаат. Што може да цица празен човек? Ако бебето цица млеко, празниот човек кој има двоциферен број на години, цица тоа што најмногу му недостасува. А што недостасува? Добрина, и љубов! А човек не може да живее без да цица, без хемија во телото. Како што оди времето, луѓето не само што ќе се јадат физички помеѓу себе, туку ќе почнат и да се убиваат едни други и да се јадат и во физички смисол. Можеби не за некоја година, но за неколку децении, со сигурност.
Мора да разграничиме какви се можности има новиот човек т.е машина.
Што прават машините? Цицаат! Што прави мобилниот телефон? Машина што може да прави? Да ти го цица мелатонинот. И што е тоа што среќаваме во очигледното, програмирано, апсурдно и плитко седкојдневие? Машини под стрес, машини што брзаат цицаат, проживуваат, одат да спијат и одново на ново. Секој ден се исто, секој викенд по стотици пати повторен, површни излегувања, сексови. ЛУДИ МАШИНИ.
Податокот дека милиони луѓе страдаат од постојано пореметување на сонот, е доказ дека човекот веќе не ни спие како што би требало да спие. Добриот сон, но не само тоа, туку и добриот живот не само што се чини дека е дел од минатото, туку веќе е минато, со печат! Со Инхибиторен ПЕЧАТ. Запечати го човекот, на првиот стадиум од развојот, спушти го само на физичко ниво, направи го само физички подвижен, изделкај го, и направи ЛУДА МАШИНА што ќе служи на овој свет. Кој и каде ќе ти потврди дека светот живее во тебе? НЕ! Одамна не е така! Машината му робува на светот! Немаш добар сон? Немаш убав ден. Немаш убав ден, не се чувстуваш во ред, недостаток на концентрација на работа, шефот ти вика. Стрес!
Вториот производ од недоволен сон, е стрес и напнатост. Напнатоста оди рака под рака со својата мајка, мелатонинот. Мобилниот е таткото и ги создава сите овие негови “плодови“. Стресот не дозволува квалитетно одмарање на телото, на ткивата, и што доаѓа од тука? Зголемување на ниво на токсини низ телото и лачење на разно разни хормони, кои само ќе се притоки, на главната “река“, и ќе доведат до уште поголема напнатост. Ова веќе е една испреплетена и биднува сложена мрежа на начин на живот, секаков, само не природен и мирен! Што е и многу потешко да се вратиме на него. Теоретски објаснето а на практично ниво: Напнат си! Не можеш да спиеш, зошто не можеш да се опуштиш, па поголемиот број на луѓе бараат спас во алкохолот, кој не само што ќе бидне и тој една притока до себе уништување, туку ќе повлече и свои нови притоки. Уништување на крвни зрнца! Зголемен притисок од прекумерени количини на алкохол. Утре ден нова главоболка. Реката е толку голема шпо привлекува секојдневни нови притоки, и така наместо да уживаме и да раснеме во нашиот космички океан (Душата) ние душата ја давиме ја уништуваме во валканата река! И потоа ни смрди и душата. Ако се нема чиста крв, никогаш нема да се имаат ни чисти мисли.
Уморот. Кога со денови и месеци, и години ова ќе постане начин на живот, ние нема да имаме никаква самоконтрола врз нашиот инстинкт, да не зборувам и за емоции, или пак интелект. Тоа веќе е светлосни години далеку од денешниов човек МАШИНА. Сме ослабнале, сме биднале пораздразливи и секоја наредна ноќ пак не чека иста несоцина, иста главоболка, а со текот на времето веќе и се плашиме да си легнеме во нормално време за спиење, бидејќи агонијата која ни расне, не плаши. И утре што не чека? Пак истото сценарио. Депресијата е плод на сето ова. Депресијата е дете на лош начин на живот? Самоубивствата се излезен на душата од телото, бидејќи не може да се трпи релацијата и односот на лошото тело со духот божји. Божја воља е да ја спаси душата од лошо тело.
Да се навратам на мелатонинот. Тој се лачи од многу мала жлезда која се наоѓа во мозокот. Функцијата на оваа жлезда е да прозведува разни хормони кои имаат големо влијание врз мозокот и на внатрешиот систем, кој се манифестираат низ секојдневнието, во нашите постапки, одлуки и однесување. Едни од најважни хормони кои се повржани со оваа жлезда се токму мелатонинот и серотонинот. Вториот е исто така и познат како хормон на среќа, оној кој не држи будни, мотивирани, концентрирани во текот на денот. Мелатонинот е месечината за ноќта, тоа што е сонцето за денот. Тој е пат до добар и квалитетен сон. Тој се лачи во ноќта и во апсолутна темнина. Што ни прави мобилниот? Интензивно светло пред спиење со сати, интензивно зрачење и во текот на денот. И тука пред, т.е поточно пред спиење, интензитетот на екранот на мобилниот го спречува излачувањето на мелатонинот. Каде се проблемите на модерниот човек? Што е појдовната точка не само на овој начин живот, туку и на делењето на општеството, на она нормално и сајбер. Бинарни вредности, заборавени емоции заменети со стикери, сила при сајбер општество, додека онаа човечка храброст веќе ја нема во природата.
Што е со имунолошкиот систем на човекот? Го нема. Зошто? Бидејќи постојат посебни рецептори на мелатонинот во човековите жлезди и клетки. Логично е дека добар и мирен сон, не само што дава спокојство во денот, туку го продолжува и векот на телото. Зајакнува човекот на секој можен начин. Постојат многу докази дека мелатонинот делеува и како антиоксиданс, кој допринесува спречување на разно разни болести.
Се ова е отсмислен процес на оние кои владеат со светот, да го истребат човекот, да го упростат, да го направат глупав! Да го направат машина, што само ќе служи а нема да живее. Со рок на траење и толку!
Инхибиторен процес, што ако се чита одназад неротибинхи – Што во превод би било, не ти е битно. Ако не ти битно да си човек, да живееш, тогаш, биди МАШИНА.
—
Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.
0