Чувство на темнина и калустрофобија во сопстевената кожа. Потрага за излез од секојдневието и потреба за земање воздух, да токуму така, потреба за воздух, поленење на белите дробови со длабоко вдишување. Постојат одредени денови каде што ви изгледа дека се ви оди наопаку и дека сте „станале на лева нога“, но кога ќе дојде нов ден, таквото чувство сегуби се почнувате од почеток, како ништо да не се случило. Но, умот на анксиозната личност е нешто поинаку. За оние кои живеат во постојан страв, секој нов ден највува нова борба, борба со самиот себе си. Умот на анксиозната личност носи товар исполнет со несигурност и неконтролирана грижа и паника. Чувствувате брутална несигурност и беспомошност, секогаш кога работите, се ви отиди надвор од контрола? Анксиозноста ја чувтвувате пред тестирање, говорење во јавност, па дури и одење на некој пат, пред прв состанок со некој на кого сакате да оставите добар впечаток. Во зависност од тоа како ја интерпретирате анксиозноста, истата може да ви биде најдобар пријател или најголем непријател. Анксиозните личности, често позитивното чувство на нервоза го претвораат во чувтво на беспомошност и не си дозволуваат самите себе си да бидат мотивирани. Пред некое важно случување, наместо нервозата да ја искористат да бидат инспирирани, тие се дефокусираат и почнуваат да мислат дека нема поента во тоа што го прават. Анксиозната личност треба да се обиде да се отргне од чувството на нервоза, а најлесниот начинда се избегне нервозата е да се избегне проблемот кој ја предизвикува. Умот ја зазема контролата и подсвесно го одложува проблемот кoј јапредизвикува. За време на важен настан, често се случува луѓето со анксиозност да си го преокупираат мозокот со друга активност за да не се фокусираат на проблемот. И покрај тоа што се чини како добра идеја, и за момент,тоа го намалува чувството на страв, но всушност претставува само буткање на работите „под тепих“ а не и решавање. Едноставен пример за одлагање на решавање на проблемот е на пример туширање или јадење само за да се тргне фокусот од она што ја предизвикува нервозата. Но, што всушност се случува? Подсвеста не сака да се соочи со проблемот па само си „купува време“.Луѓето имаат чувство на терор кои ги напаѓа коинтинуирано и без предупредување. Други симптоми на напади на паника вклучуваат потење, болки во градите, јаки и невообичаени срцеви отчукувања и чувство на давење. Најсликовито објаснето чувството е како да доживувате срцев удар или како тотално да полудувате. Социјланатаанксиозност е анксиозност уште позната како социјална фобија. Социјалната фобија вклучува чувство на грижа, кога станува збор за интеракција со други луѓе, постојана грижа,чувство дека остантите ќе ве осудуваат и непрекинати мисли дека ќе се посрамотите. Анксиозното пореметување е прекумерно и претерано стравување за секојдневните случувања без никаква причина. Луѓето не можат да прекинат да се грижат дека ќе се случи некоја катастрофа и постојано да го очекуваат најлошото. Дневниот живот прераснува во константна грижа, страв и чувство на нелагодност. На крај, анксиозноста толку многу се инкорпорира во животот на личсноста што дури влијае на човековото размислување, функционирање во работата, образованието и врските со другите луѓе. Се уште не е познато како се јавува акнскиозноста, но истражувањата покажале дека често може да биде и наследен иако голема е улогата на човековиот ум. Станува збор за абнормално функционирање на одредени нервни патишта кои се конектираат со одредени мозочни региони кои вклучуваат размислување и емоции. Конекцијата помеѓу овие нервни ќели зависи од нервотрансмитерите кои пренесуваат информации од една нервна ќелија до друга. Доколку ваквото пренесување е од било кои причини оневозможено може да резултира со промени на расположение и анксиозност. Aнксиозноста исто така може да се предизвика во ситуација кога ја потиснуваме сопствената енергија, која сега го бара нашето внимание . Доколку долго време сме ја потиснувале, таа сега не потиснува нас и бара начин да излезе од нашите мисли. Но, ние повтрно упорно ја притискате и сега таа не ни дава мир, не омалаксува за нормално да функционираме во текот на денот. Уште повеќе анксознноста е алрам дека треба да направите промена во вашиот живот. Физиолошката дефиниција на анксиозноста гласи од прилика вака: кога човечкото тело е изложено на стресори, се појавува состојба на стрес која е должна да се избори со тие стресори и да го врати балансот во организмот. Но доколку телото не е во состојба да се избори со стресорите, се појавува хронична состојба на стрес која се нарекува дистрес. И тогаш доаѓа анскиозноста.
Справувањето со анксиознсота ни во најмала рака не е лесна задача. Но, постојат неколкиу начини кои можат да служат како превенција пред состојбата да ескалира и да ја преземе контролата во вашиот живот. Направете тајм аут. Вежбајте јога, слушајте музика, медитирајте. Јадете избалансирани оброци, здравото хранење е клучно како за физичкото така и за менатлното здравје. Лимитирајте ги алкохолните и пијалоците кои содржат кофеин. Земајте длабоко воздух, потрудете се да дадете се од себе кога станува збор за извршување на задачите. Не целете кон перфекционизам, зошто тоа не е возможноо, дадете се од себе за ивршување на одредена задача и бидете задволни од она што сте го постигнале. Споредувајте ги сопствените потигнувања со самите себе не со постигањата на другите.
Кога зборуваме за депресија најпрво треба да расчистиме дека депресеијата нема никаква поврзаност со емоцијата на тага. Имено, депресијата претставува длабоко потиснат гнев кој личноста не успела да го изрази, па не свесно го свртела против себе. Затоа депресијата уште се нарекува автоагресија. Тагата е објаснета како убава емоција која му дозволова на човекот себеспознавање, доближување на човекот до сопстените чувства и прифаќање на ситуацијата онаква кава што е. Кога некој ќе се исплаче следи состојба на мир и олеснување. Запомнете здраво е да се плаче.
Во депресијата нема ништо убаво. Таа претставува слика за самиот себе исполнета со презир и самокритичност. Личноста не се прифаќа онкава кава што е и ги губи сите мотиви за живеење и функционирање. Изворот на депресијата е секогаш внатрешен, никогаш не е надворешен. Колку и да изгледа дека депресијата е последица заради нечие туѓо однесување , или се последица од некои ситуаци кои не ви трганле од рака,тоа не е вистина. Луѓето секојдневно се соочуваат со проблеми и сутации кои не се приајтни, но тие не паѓаат во депресија туку настојуваат да се соочат и решат . Депресијата има различен интензитет и должина на траење. Таа може да биде со времетраење од неколку недели, па се до најтешкиот облик на клиничка депресија, каде личноста ја губи секоја мотивација за живот и не е способна да извршува никаква задача. Депресијата влече корени од самото детство.
Вистината е дека живтниот пат по кој одиме не секогаш ќе биде исполет со патокази кои ќе не насочуваат во вистнската насока. Животот е војна, а ние борци. Проблемите се тренинг, а сотојбата на умот е нашето оружје. Бидете храбри и истрајни. Размслете каде сакате да бидете за десет години од сега. Борете се да го постигнете она кое го сакате. Товарот е тежок а патот е стрмен, но кога еднаш ќе го освоите врвот, сте го освоиле и светот!
Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.