Што претставува програмата за врсничка едукација за ментално здравје?
Идејата на програмата за врсничка едукација за ментално здравје која ја спроведува нашата организација има за цел да допре до што е поголем број на млади на возраст од 14 до 19 години со мисија да направи импакт врз нивната свест за афирмација на грижата за ментално здравје, практување на ментална хигиена и негување на позитивен пристап кон својата ментална благосостојба. Нашите младински амбасадори се врсничките едукатори кои се млади кои имаат желба да ја остварат мисијата на програмата а кои се обучени од страна на психолози и трененри за врснички едукатори.
Сметаме дека пристапот од врсник за врсник многу подобро и полесно ќе ги канализира точните и потребните информации кои ги нуди програмата. Нашата програма опфаќа четири тематски области и тоа ментално здравје, грижа за себе, врски и односи и промени и поддршка.
Кога и каде ќе се случува тренингот за врснички едукатори оваа година?
Оваа година тренингот за новата генерација на врснички едукатори ќе се случува во период од 9 до 12 октомври во Вила Гора Крушево. Тренингот ќе биде воден од психолози и тренери за врснички едукатори и ќе биде поделен во два дела:
- Работа на себе преку модулите предвидени во програмата фасилитатиран од Марија Стефанова, психолог, психотерапевт, спец. по Менаџмент на човечки ресурси, сертифициран обучувач на возрасни, тренер по Асертивност.
- Работа на меки вештини и градење на вештини за работа со млади фасилитаран од Анита Николовска и Филип Ивковски тренери за врснички едукатори.
Трошоците за целиот тренинг ги покрива организацијата (пат, сместување, храна и работни материјали).
Кој и како може да се пријави за учество на тренингот?
Ги охрабруваме сите студенти по психологија или студенти на средните образовни програми (педагогија, специјална едукација и слично) без разлика на студиската година да се пријават за учество на тренингот.
Пријавувањето е лесно и нема да ти одземе повеќе од пет минути, се што треба да направиш е да ја пополниш следната форма, најдоцна до 30 септември 2023 година.
Што после тренингот?
После тренингот ќе имаш можност да ги примениш стекнатите знаења на терен преку реализација на врснички едукации во средните училишта на територија на државата. Во процесот поддршка ќе имаш од ментори кои се искусни едукатори и работници со млади. Веруваме дека процесот на станување добар едукатор само започнува со тренингот а потоа теренското искуство е она што те гради.
Со задоволство ја очекуваме твојата апликација!