1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за млади кои немаат искуство во водење на работилници но се имаат претходно вклучувано во програми за ментално здравје на Младите можат и се очекува од нив да водат едукации за ментално здравје од септември 2022 година, а потоа врсничките едукации да бидат редовно имплементирани до крај на 2025.

Тренерот се очекува да почне со работа од октомври 2023 г. а целиот ангажман завршува до месец ноември 2023 г.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за врснички едукатори за ментално здравје;
  • Спроведување на тренинг во 6 модули за 20 млади;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.

Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во областа на врсничката едукација и/или држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 05 октомври 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]