Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.

Мрежата на младински банки во овој состав делува во источниот плански регион во Република Северна Македонија, со цел да се воспостави новиот и иновативен модел во земјава кој ќе треба да донесе клучни промени во младинското вработување. Преку овој модел, не само што младите ќе бидат тие кои ќе поднесат иницијативи за нивната заедница, туку и тие ќе располагаат со средствата и токму младите ќе одлучуваат каков тип на проекти да се поддржат.

Со младинската банка Кочани, со поддршка на Младите Можат, германската фондација Schüler Helfen Leben и Општина Кочани, управуваат 10 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.

Фонд на Младинската банка за проекти на неформални групи во општина Кочани

Фондот за младинската банка за овој повик изнесува 120.000 денари кои заеднички ги обезбедуваат Младите Можат и општина Кочани. Младинската банка Кочани има отворен повик за предлог проекти од 11.09.2023 до 30.09.2023.

Кој може да поднесе предлог проект до Младинската банка Кочани?

  • Неформални групи на млади од 15 до 30 години (минимум 3 млади мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот) кои живеат на територијата на општината Кочани;
  • Оние кои имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат;
  • Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.

Што поддржува младинската банка?

  • Проекти кои се реализираат на територијата на општина Кочани и имаат за цел зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин и кои одговараат на потребите на локалната заедница;
  • Посебно се поддржуваат проекти со фокус: уредување на простор/локација за собирање на младите, култура, рекреативен спорт, вработување, екологија;
  • Оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат;

Добро подготвената Пријава за предлог-проект:

  • има јасна идеја, цели и план за реализација,
  • има одредено место, време и траење на проектот,
  • ги исполнува критериумите за поддршка од фондот на младинската банка,
  • има јасно дефиниран и точен буџет,
  • доставена е пред истекот на рокот за пријавување.

Што НЕ поддржува младинската банка?

  • Проекти на кој главен приоритет им е хуманитарна цел и проекти на поединци, невладини организации, здруженија, политички партии и јавни институции;
  • Проекти кои се повикуваат на каков било облик на насилство и дискриминација и промовирање на алкохол, дрога или нездрав начин на живот;
  • Плати и хонорари за членовите на неформалната група која го реализира проектот;
  • Трошоци за техничка опрема кои се неопходни за реализација на проектот, а кои се поголеми од 30% од бараниот износ од младинската банка;
  • Проекти чија реализација на активностите е во тек или се веќе финансирани во претходната година.

Колкав е максималниот износ на поддршка што може да го добие еден проект?

Младинската банка Кочани ќе поддржи проекти во износ до 60,000 денари.

Задолжително е активното учество на сите млади во неформалната група која ја поднесува Пријавата за предлог-проекти!

Неформалната група се охрабрува да обезбеди и дополнителни ресурси (парични, материјални или услуги) од претпријатија, институции или граѓани.

Пример: доколку сакате да направите игралиште, треба да обезбедите човек (роднина, сосед, пријател, познаник..) кој би го варосувал игралиштето без да наплати работна рака.

Како, на кого и кога можат да се поднесат предлог проекти?

Заинтересираните млади може да го поплнат апликацискиот формулар.

Кога ќе ја дознаете конечната одлука дали ќе ви биде поддржан проектот и кога ќе започне неговата реализација?

Младинската банка Кочани ќе ве извести за конечната одлука за поддршка на вашиот проект најдоцна до 06.10.2023.

Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 09.10.2023 до 09.12.2023 г.

Tеми и насоки за проектите

  • Простори за млади каде ќе може да делуваат и да се изразуваат
  • Унапредување на животот во локалната заедница (животна средина, урбанизам, простори за спорт и рекреација, простор за креативно изразување и сл.)
  • Организација на културно-забавни настани за млади

Тип на активности

  • Еко-акции, уметност и креативно изразување, спорт и спортски активности
  • Иницијативи за подобрување на инфраструктурата (детски паркови, игралишта, улици, тротоари, кеј, урбана опрема и сл.)
  • Настани за вмрежување на млади