“Mentors should influence others in such a way that it builds people up, encourages and edifies them so they can duplicate this attitude in others.” ― Bob Goshen
Младите можат заедно со партнер организациите Forum civilne akcije FORCA од Србија, Здружение професионален форум за образованието од Бугарија и Youth Active Minds од Грција, организира тренинг курс наменет за градење на капацитетите на младински работници во насока на менторство.
Тренингот ќе се оддржи во периодот од 30ти мај до 5ти јуни во Велестово, Охрид и е наменет за младински работници, ментори, фасилитатори и други професионалци кои работат директно со млади.
Детални информации за тренингот и агендата може да најдете во инфо-пакетот.
Сите учесници кои успешно ќе го завршат тренингот ќе добијат Youth pass certificate и Сертификат за ментори од Младите можат.
Сместување, 3 оброци на ден и транспорт ( фиксна сума за рефундација на транспорт е до 180 евра ) е покриено од страна на организаторот.
Mentoring in new dimensions – MIND е дел од Еразмус + програмата, финансирана од Европска комисија.
Доколку сте заинтересерани да земете учество на тренингот, пополнете ја следната апликација најдоцна до 10ти мај 23.59 часот.
За прашања достапни сме на 071 227 276 или на [email protected]