Mental well-being is not a destination, but a process.

Ова лето, од 6ти до 12ти јуни, 24 млади од Северна Македонија, Грција, Бугарија и Србија ќе имаат можност да се сретнат во магичното Велестово, Охрид, каде ќе си ги наполнат батериите, ќе се посветат сами на себе, ќе добијат практични информации за ментална хигиена и здравје и ќе оформат пријателства и мемории кои ќе останат за цел живот. 

Најдоброто од се, оваа ретка можност е поддржана од Еразмус плус програмата, па целиот престој, вклучително со оброци и транспорт ( фиксна сума за рефундација на патни трошоци е 180 евра ) е покриено од страна на Европската комисија, односно целосно бесплатна за сите учесници.

Можноста е отворена за сите млади на возраст од 18 до 24 години заинтересирани да поработат на своето ментално здравје, кои се способни да комуницираат на англиски јазик и можат да присуствуваат на сите 7 дена од размената.

Во инфо-пакетот можете да прочитате подетални информации за размената.

Доколку сте расположени за супер едукативна дружба и нови пријателства, побрзајте да ја пополните следната апликациска форма. Местата се ограничени!

Краен рок за пријавување е 21 мај во 23.59 часот.

За прашања сме достапни на 071 – 227- 276 или [email protected]

Се гледаме во Велестово! 🙂