1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач/ка за обука развивање на капацитети на младински работници и ментори за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за младински работници со делумно искуство во менторирање на млади и младински тимови.

Тренерот се очекува да почне со работа од мај 2023 г. а целиот ангажман завршува до месец јуни 2023г.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за развивање на капацитети за младински работници;
  • Спроведување на тренинг развиен во 3 модули за младински работници во Скопје;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати

 

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на држење на обуки за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

 

  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за обучувач за ментори. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 31ви март 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]