1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на  тренер/и за градење на капацитети на Управниот одбор на Младинските локални банки во Велес и Струмица, како дел од проектот проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Во рамките на активноста  Младински локални банки, поточно во фазата за градење на капацитети на Управниот одбор на младинските банки, Младите можат има потреба од ангажирање на:

  • Еден тренер за одржување на четири дводневни модули на обуки на тема „Младинско учество, застапување и лидерство“во текот на април и мај наменети за млади во Велес.
  • Еден тренер за одржување на четири дводневни модули на обуки на тема „Младинско учество, застапување и лидерство“во текот на април и мај наменети за млади од  Струмица.
  1. Опис на работен ангажман
  • Подготовка на агенда и сесии за дводневна обука на 10 млади на соодветните теми
  • Подготовка на четири дводневни обуки заедно со проектниот координатор.
  • Одржување на четири дводневни обуки
  • Подготвување и доставување на извештај по одржување на обуките
  1. Потребни квалификации
  • Минимум двегодишно искуство како тренер во горенаведените области;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност, посветеност;
  • Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на обуки од зачеток до финално известување;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходн активности или проектот).
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за на тренер/и за Младински локални банки. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 26ти март 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]