1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за обука на наставници (класни раководители) и училишни психолози за водење на училишна програма за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“ , финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за наставници кои се класни раководители и училишни психолози и треба да се одржи согласно потребите на програмата за ментално здравје.

Тренерот се очекува да почне со работа од 26 август 2022 г. а целиот ангажман завршува во декември 2022 г. Тренингот е предвидено да се одржи на 29-30 август и 5-6 септември.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за училишна програма за ментално здравје;
  • Спроведување на тренинг во 8 модули за 20 наставници и 10 училишни психолози во Скопје;
  • Следење на имплементацијата на програмата во училиштата во почетните месеци;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати

Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 5-годишно релевантно работно искуство во областа на психологијата
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во држење на обуки и работилници;
  • Искуство во креирање на програми за обука;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за наставен кадар;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

 

  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на наставници и училишни психолози за водење на училишна програма за ментално здравје. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 22ри август 2022г., 23:59.

За да добиете увид во програмата и/или прашања во врска со истата обратете се на [email protected]