Дали си младински работник, ментор, координатор или лидер со желба за самоподобрување и запознавање нови култури? – Тогаш си на правилно место!
Достигни го својот лидерски потенцијал заедно со млади од 9 различни држави од Европа!
Отвараме повик за 3 учесници над 18 години кои ќе учествуваат на еразмус + тренинг во Лоѓ, Полска.
Tренингот ќе се одржи од 23 јуни до 2 јули и е наменет да изгради корисни лидерски вештини и да создаде меѓународна мрежа на лидери. Покрај тоа што ќе научите како да бидете одлични лидери, ќе создадете пријателства со млади од цела Европа и заедно ќе ја искусите Полска. Па затоа ова лето – ајде да се најдеме во Полска!
На овој тренинг ќе имате можност да:
- Научите повеќе различни алатки за комуникација;
- Го откриете и практикувате HEAL методот на отпорност (од Рик Хансон) како начин да се грижите за себе и за другите;
- Ги подобрите вашите вештини за решавање проблеми преку различни алатки за креативност.
Патните трошоци до 275 евра, како и сместувањето и хранaта се покриени од организаторот.
Повеќе информации околу тренингот можеш да прочиташ во инфо-китот.
Пријави се најдоцна до 20.05 (23:59ч.) на оваа google форма.