Во рамки на проектот „All for You(th)“, кој е финансиски поддржан од Европската комисија, а имплементиран од Здружение на граѓани Младите Можат, се реализираа обуки за финансиска писменост.

На 11.05.2022 и 12.05.2022 беа Денови на финансиска писменост. Во просториите на Младите Можат, млади од 17 до 29 години  научија како да ги менаџираат своите лични финансии, како да носат лични финансиски одлуки, за штедењето наспроти трошењето, како функционираат кредитите, што претставува инвестирањето, и како влијаат рекламите на нивните одлуки за трошење.

Дводневната обука беше концепиран во 6 модули, каде што преку интерактивни вежби, учесниците ги опфатија следниве теми:

  • Како да постават правилни финансиски цели
  • Какви банки постојат и каков е процесот за кредитирање
  • Како да ги остварат своите финансиски цели
  • Кои опции за инвестирање постојат
  • Кои видови на осигурување се најисплатливи
  • Што се даноци и пензински столбови

Програмата која беше спроведена учесниците ја оценија како корисна бидејќи ќе им помогне да бидат самостојни со финансиите и ќе им даде вештини кои можат да ги користат секојдневно. Главниот коментар беше дека програмата е дизајнирана според потребите на младите и е сеопфатна, од штедење и инвестирање до кредити и пензински столбови.

Со вас споделуваме фотографии од деновите на финансиска писменост, преку кои сакаме да ви ја доловиме атмосферата на учење и стекнување нови вештини.