Дали си младински работник, ментор, координатор или лидер со желба за самоподобрување и запознавање нови култури? – Тогаш си на правилно место!

Достигни го својот лидерски потенцијал заедно со млади од 9 различни држави од Европа!

Отвараме повик за 3 учесници над 18 години кои ќе учествуваат на еразмус + тренинг во Лоѓ, Полска.

Tренингот ќе се одржи од 23 јуни до 2 јули и е наменет да изгради корисни лидерски вештини и да создаде меѓународна мрежа на лидери. Покрај тоа што ќе научите како да бидете одлични лидери, ќе создадете пријателства со млади од цела Европа и заедно ќе ја искусите Полска. Па затоа ова лето – ајде да се најдеме во Полска!

На овој тренинг ќе имате можност да:

  • Научите повеќе различни алатки за комуникација;
  • Го откриете и практикувате HEAL методот на отпорност (од Рик Хансон) како начин да се грижите за себе и за другите;
  • Ги подобрите вашите вештини за решавање проблеми преку различни алатки за креативност.

Патните трошоци до 275 евра, како и сместувањето и хранaта се покриени од организаторот.

Повеќе информации околу тренингот можеш да прочиташ во инфо-китот.

Пријави се најдоцна до 20.05 (23:59ч.) на оваа google форма.