- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за млади кои немаат искуство во водење на работилници но се имаат претходно вклучувано во програми за ментално здравје на Младите можат и се очекува од нив да водат едукации за ментално здравје од септември 2022 година, а потоа врсничките едукации да бидат редовно имплементирани до крај на 2025.
Тренерот се очекува да почне со работа од април 2022 г. а целиот ангажман завршува до месец јуни 2022 г.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на нацрт програма за обука за врснички едукатори за ментално здравје;
- Спроведување на тренинг во 6 модули за 20 млади во Скопје;
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во областа на врсничката едукација и/или држење на обуки и работилници за млади;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Запознаеност со работата на Младите можат;
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на тренерот/рите
- Финансиска понуда
- Методологија за работа
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 08ми март 2022г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]