1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање експертска група за креирање на програма за градење на капацитети на училишни психолози и наставници за потребите на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата за градење на капацитети ќе биде наменета за наставници, училишни служби и училишни психолози и се очекува програмата да се пилотира до крај на 2022 година, а да биде целосно усвоена и имплементирана до крај на 2025. На овој повик во улога на апликанти може да се јават индивидуи, групи или асоцијации. Експертската група која ќе аплицира или ќе биде составена, мора да биде од двајца експерти. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2022година.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот проект);
  • Подготовка на нацрт програма за услуги за ментално здравје за ученици во средни училишта (април);
  • Организирање на консултативни средби со други засегнати страни (претставници од МОН, психолози, социјални работници и слично) (мај);
  • Собирање, анализирање и преработка на коментари и препораки (мај-јули);
  • Подготовка на финална верзија од програмата (април-јули);
  • Пилотирање на програмата (август-декември)

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Завршено високо образование;
  • Над 3 години работно искуство во областа на менталното здравје;
  • Искуство во креирање на образовни програми;
  • Искуство во креирање на прирачници и програми за работа со млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Познавање на работа со млади во насока на ментално здравје;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на експертот/ката
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за ангажирање експертска група за креирање на програма за градење на капацитети на училишни психолози и наставници. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 27ми март 2022г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]