Сакаш да истражуваш за лидерството? Активното граѓанство е твојата пасија? Сакаш да учиш нови јазици и за нови култури?

Имаш можност во период од 10 месеци да се соочиш со нови предизвици и да стекнеш незаборавно искуство.

Со почеток во месец Март 2022 во Полска ќе можеш да научиш за неформалното образование, како да водиш работилница, како да организираш настан и што се е потребно за успешна реализација на една активност.

Основни информации:

Каде? Во централна Полска, во градот Kielce.

Колку долго? 10 месеци (пристигнувањето во Полска е планирано за месец Март)

Како да аплицираш? Испрати CV и мотивациско писмо на [email protected] и [email protected]

Повеќе информации можеш да прочиташ на инфо-пакетот.

Рокот за аплицирање е до 25.02.2022 (23:59)

Ако имаш некои прашања или ти недостасува некоја информација, слободно пиши ни.