Бидете дел од тренингот Иклузија и Квалитет во Европски солидарен корпус од 11 до 21 ноември 2019та во Бант, Холандија. 30 млади од цела европа ќе учествуваат во тренингот за зголемување на квалитетот на активностите во рамки на програмата Европски солидарен корпус. Од нашата земја ќе учествуваат 2 учесника/учеснички.
Целта на тренингот се:
– Да се подготват младинските работници со алатки за справување со предизвици од новата ЕСК програма
– Да се подготват младински работници со алатки за спроведување на проектни активности
– Рефлексија на методи на зголемување на квалитетот на живот за младите од секоја од земјите учесници
– Креирање на неформална група за поддршка на заеднички активности и по завршување на проектот
– Креирање брошура со препораки од најдобри практики за волонтерски активности во рамки на програмата Европски солидарен корпус.
Предлог лет: линк
Повеќе информации на info pack IQ ESC.
Доколку си заинтересиран/а можеш да аплицираш веднаш на линкот.
Трошоците за пат (Северна Македонија – Холандија – Северна Македонија), сместување, храна и освежување се покриени од страна на организаторот. Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената.
Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].