We make democracy – Youth for participation and inclusion е проект на кој млади од 8 земји (Западен Балкан, Швајцарија и Молдавија) ќе ги споделат своите модели на младинско организирање и вклучување на младите во општествените процеси.
Кога? – 15 до 20 септември 2019 (денови за пристигање и заминување)
Каде? – Richterswil, близу Цирих, Швајцарија
Долгогодишниот партнер на Младите можат, Националниот младински совет на Швајцарија организира интернационална активност за младинско учество и граѓанско општество со фокус на неформални и локални форми на организирање. Токму за ова ќе се истражат начини и предизвици за партиципација во Швајцарија, земјите од Западен Балкан и Молдавија.
5 млади над 18 годишна возраст од нашата земја ќе учестуваат на оваа активност каде 2 главни пристапи ќе се применат:
- Подобрување на вклученост на групи од млади со пречки за вклучување во локален контекст
- Улога и вклученост на надворешни организации како поврзување меѓу Швајцарија и партнерските земји за подобрување на синергиите во младинско организирање
Оваа интернационална активност се базира на неформално учење и е структурирана во 4 главни теми кои ќе се работат во 4 дена:
- Улогата на НВО во градење на инклузивно општество
- Млади со предизвици и инклузија во младинска работа и активности
- Улога на надворешни организации во воведувањето инклузивна младинска работа
- Идни соработки: Потреби на учесниците и посакувани акциски планови
Аплицирај веднаш на линкот. Рокот за поднесување на апликации истекува на 28ми јуни до 23:59 часот.
Трошоците за пат, сместување, храна и освежување се покриени од страна на организаторот. Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација.
За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].