Здружението на граѓани Младите можат објавува конкурс за редизајн на логото на организацијата по повод 10 годишнина од основање. Ги повикуваме сите заинтересирани лица да аплицираат на овој конкурс за редизајн на логото на Младите можат.
Целта на конкурсот е да се создаде идејно решение за дизајн на логото на Младите можат кое треба да биде во тренд и да биде модернизирано.
Визијата, мисијата и целите на Младите можат се на следниот линк.
Предлог дизајните треба да ги содржат:
- веќе препознатливите бои: жолта и сина
- силуета на човечето по кое е препознатлива Младите можат (може да биде видоизменета)
Апликацијата се содржи од креирање на предлог редизајн на логото и испраќање на истото во .jpg и .pdf формат на [email protected] најдоцна до 24.05.2019 (петок) до 23:59 часот.
Логото на Младите можат претставува силуета на млад човек кој излегува од својата комфорна зона. Можете да го најдете на линк 1, линк 2 и линк 3.
Избраното идејно решение ќе треба да го достави логото во .ai векторски формат (Adobe Illustrator) со подготовка за печат. Секој кандидат може да испрати максимум 3 дизајн решенија.
Само целосно поднесените апликации до 24.05.2019та ќе бидат прифатени и ќе можат да учествуваат во изборот.
На овој конкурс ќе се селектира еден победник од страна на Управниот одбор на Младите можат. Наградата за победникот на конкурсот е 9000 денари. Сите учесници на конкурсот ќе добијат одговор по одлуката на Управниот одбор на Младите можат.
Доколку имате потреба од дополнителни информации или прашања, слободно контактирајте не` на нашиот мејл [email protected] најдоцна до 19.05.2019.
Често поставувани прашања: