Живеејќи во денешното современо општество човекот полека станува роб. Роб на своите мисли, технологијата, власта, работодавецот, а сето тоа негативно се изразува на неговото здравје. Секојдневните чекори кои ги превземаме, ризиците, надворешните фактори кои не се под наша контрола ни ја одземаат енергијата. Правиме работи кои никогаш вистински не сме ги сакале, но машински се однесуваме затоа што така ни налагаат правилата. Доброто ментално здравје значи сочувство, благосостојба, почит и самодоверба. Одржување на емотивната рамнотежа, здрава исхрана и јасно поставена цел.
Но, често нессодветната координација меѓу наведениве нешта доведува до ментални последици како анксиозност, депресија и различни растројства кај личноста. Комплексната, интеракција меѓу умот и телото со семејството или средината доведува до нестабилност на внатрешното „јас“, кое полека речиси онемува. Како причини на ова најчесто можат да бидат социјалната изолација, финансиски проблем, насилство или пак некој долготраен акутен стрес. Болните искуства од минатото може да бидат многу поголеми и да ја прават личноста да се чувствува осамено, празно и бескорисно. Нечие смртно отсуство, болест кои ги рушат и уриваат сите човечки бариери и потпори. Потпаѓаме во сопственото море, сакаме да допливаме до брегот, но силата си ја одземаме прво ние самите, а вториот пат ни ја одзема светот. Психолошката проникливост продира и ја објаснува анксиозноста како општа возбуденост со попратен надворешен страв без темелна основа. Според напредните истражување се предвидува некаде дека од десет проценти од населението страда од анксиозност. Состојбата на тага, страв, вознемиреност, со постојано чувство на вина и раздразливост е стадиум на депресија. Несоодветните депресивни навики кога од родителите се пренесуваат на најмладите најчесто јавуваат чувство на изолираност. Вербалниот булинг го предизвикува и физичкото однесување, односно насилството.
Вистинскиот начин за ослободување од сите стравови и неспокои е јогата и медитација. Усмерување на позитивни мисли, пронаоѓање на своите вистински способности и вештини и стремење кон истите затоа што само тие може да не однесат до вистинската цел. Зад секој човек се кријат илјада обиди, се додека не го постигне саканиот успех.
 —
Прочитајте ги сите есеи од конкурсот „Хакирај-Превенирај!“ на линкот.