Дали некогаш си помислил/а да престојуваш и волонтираш во Холандија? Сега имаш можност да бидеш дел од 16те ЕВС волонтери кои ќе престојуваат и волонтираат во Холандија, наредната година, започнувајќи од 01 септември 2018 година.
Станува збор за 12 – месечен ЕВС проект во Rock Solid Foundation во Холандија. Имате можност да волонтирате во една од 3 организации.
Во текот на ЕВС проектот ќе имате и дополнителна можност да се вклучите во проектите и активностите на Rock Solid Foundation, да го научите Холандскиот јазик и да ја открите културата, да патувате и да остварите нови познанства кои може да ви го променат животот.
Целта на волонтерите е поделена на два сегмента:
- Активизам – ќе имате можност да учествувате во социјални проекти, да бидете дел од заедницата, да учите како да живеете заедно со други волонтери со различно потекло, верувања и идеи.
- Личен развој – како да созреете и станете независни, ќе научите како да работите во тим, да добиете пошироко разбирање и перспектива за општеството и заедницата, да откриете и развиете нови квалитети, вештини и таленти.
Можете да бидете ЕВС волонтери на три организации:
HUMANITAS |
SIZA |
JEUGDDORP DE GLIND (of the RUDOLPH STICHTING) |
HUMANITAS работи на полето на млади и возрасни со интелектуална и сензорна попреченост. Дел од обврските на волонтерите се комуницирање и помош на клиентите во тек на дневни рутини(организирање на соби, пазарење), паузи, прошетки и организирање со клиентите како божиќни декорации, работилници, филмски вечери итн. |
SIZA овозможува поддршка за луѓето со психичка и физичка попреченост. Преку помагање, социјални активности и заеднички пристап на предизвиците на клиентите, волонтерите ќе можат да придонесат во работата на SIZА. |
Оваа организација постои преку 100 години и работи со млади кои не живеат дома поради психо-физички хендикеши, аутизам итн. Помагање на родителите, организирање екстра активности за децата и тинејџерите и директно помагање на децата ќе можете да волонтирате и да придонесете кон подобро функционирање на „Младинското село„. |
Сите детали околу самите проекти, искуството, домаќин-организацијата, начинот на аплицирање, местото на престојување може да ги погледнете во инфо пакетот.
Краен рок за аплицирање е 4ти јануари 2018година. Сите заинтересирани треба да испратат CV со слика и мотивационо писмо на [email protected]
Сите заинтересирани, коишто ќе аплицираат на проектот ги замолуваме да не известат и да не вклучат во комуникацијата при аплицирањето и процесот на селекција.
Доколку можеме да ви помогнеме на било каков начин слободно обратете ни се на [email protected].