Младите можат споделува можност за волонтирање која доаѓа од најголемата младинска фондација во Германија, Shuler Helfen Leben и е во времетраење од една година.

SHL е фондација која постои 20 години и е позната по организирање на „Социјален ден“, настан кој се одржува еднаш годишно и на кој неколку илјади ученици од сите области на Германија ги напуштаат училиштните клупи и одат да работат. Парите кои ќе ги заработат тој ден ги донираат на своите врсници во Југоисточна Европа, Сирија и Јордан. Дополнително, во текот на целата година фондацијата организира работилници и презентации во училиштата ширум Германија преку кои ги информира учениците за ситуацијата со младите во Југоисточна Европа, Сирија и Јордан со цел зголемување и зајакнување на младинскиот активизам и младинското учество во теми како што се „еднакви права за сите“, „образование“, „интеграција“ и сл.

Волонтерска програма во SHL
Секоја година 9 млади од Германија и Југоисточна Европа во времетраење од една година преземаат одговорност за организирање на „Социјален ден“. Волонтерите всушност се оние кои ги планираат и реализираат активностите на фондацијата. На почетокот на својата волонтерска година тие поминуваат 2 недели патувајќи заедно низ Југоисточна Европа за да се запознаат со партнерските организации на SHL, со културата во земјите и навиките на младите па потоа стекнатото искуство да го применат во својата понатамошна секојдневна работа во Германија.

Овогодинешната волонтерска програма ќе започне на 01.07.2018. Во текот на јули избраните 9 волонтери се собираат на семинарот за подготовка за волонтерската година која би им завршила во август 2019та година. Волонтерите ќе живеат заедно во станови во близина на канцеларијата на SHL, во Neumunster, Германија. Трошоците за сместување, телефон, интернет, патни трошоци, храна, здравствено осигурување, виза и слично ги покрива фондацијата. Дополнително, волонтерите добиваат месечен надоместок во износ од 284 евра и имаат едно платено враќање дома во текот на годината.

Критериуми и потребни карактеристики за да бидеш
SHL волонтер:
– Интерес за проектите на фондацијата
– Презентациски и комуникациски вештини
– Љубопитност и емпатија
– Самостојност и издржливост
– Самодоверба и одговорност
– Толеранција и сочуство
– Интерес за работа со деца и млади
– Основни технички вештини (автомобил, компјутер и сл.)
– Возачка дозвола Б категорија
– Најмалку B1 познавање на германскиот јазик
– Флексибилност (семинарите и настаните често се организираат за време на викенди)

Обврските на волонтерите ќе вклучуваат подготовка на работилници и презентации кои ќе ги држат во училиштата ширум Германија на теми „Што е Балканот?“, „Што е Сирија?“, „Зошто е важен граѓанскиот активизам таму?“ и инфо штандови за млади, нивно информирање и поттикнување на младински активизам.

Активизамот и волонтерската програма на SHL им овозможуваат на младите поддршка, личен развој, стекнување и размена на искуства и вмрежување со други млади од цела Европа.

Сите заинтересирани млади на возраст 18-23 години можат да прочитаат повеќе информации на овој линк. За аплицирање е потребно да се пополни апликациски формулар и да се приложи CV и мотивациско писмо не подолго од 2 страни А4 формат.

Доколку сте заинтересирани за аплицирање или имате дополнителни прашања, обратете ни се на [email protected]

Пријавувањето трае до 22ри февруари 2018та година.