- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач/ка за потребите на проектот “Училиштен форум за заеднички решенија”.
Обучувачот/ката се очекува да почне со работа од 15.11.2023 г. а целиот ангажман завршува до 30.11.2023г
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Подготовка на нацрт програма за обука за училиштен кадар во рамки на проектот „Училиштен форум за заеднички решенија“;
- Спроведување на обука за зајакнување на капацитети за училиштен кадар од училиштата СУГС „Шаип Јусуф“ Скопје и СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје, во времетраење од 8 часа;
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на држење обуки со претставници на училишта;
- Искуство во креирање на програми за обука на возрасни;
- Запознаеност со работата на Младите можат;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за обучувач за училишта. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 27 декември 2023г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]