Зошто е важно да се грижам за менталното здравје? Дали физичкото здравје е поважно од менталното здравје? Како да се грижам за моето ментално здравје? Како можам да се грижам подобро за себе си? Како начинот на кој комуницирам влијае врз моите врски? Како да ги негувам врските? Какви промени ми се случуваат? На кој начин различните околности влијаат врз мене? … Прашања и дилеми во нашето секојдневие и секако често слушаме препораки и совети за истите, но сепак дилемите остануваат нерешени. 

Затоа почнувајќи од месецот на менталното здравје, октомври, организираме врснички едукации за ментално здравје во повеќе градови низ Северна Македонија. Едукациите ќе ти овозможат простор кој ќе биде слободно, отворено и сигурно место за ти да се изразиш и да дискутираш со твоите врсници за грижата за менталното здравје. Ќе работиме на повеќе теми, како што се грижата за себе, како да се грижиме за нашите врски и односи, како да негуваме здрави врски, какви промени ни се случуваат и како тие влијаат на нас, што е тоа што најмногу не загрижува… и многу други теми кои ќе произлезат од вас и вашите дискусии.

Што може да очекуваш од програмата?

  • Најмалку 3 часа активна дискусија за ментално здравје, грижа за себе, промени и врски и односи.
  • Можност за учество на дополните работилници и настани кои ќе произлезат како потреба од самите едукации.
  • Присуство на едукациите во твојот град или градот најблиску до тебе.

Критериуми за пријавување:

  • Да си млад човек на возраст од 13 до 26 години.
  • Да имаш ентузијазам да работиш на твоето ментално здравје.
  • Да имаш желба да ја негуваш твојата ментална хигиена.

Распоред на работилници:

14.10.2022 – Скопје / 14:00, Канцеларија на Младите можат

26.10.2022 – Велес / 12:00, Младински центар Велес

28.10.2022 – Битола

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациската форма во прилог на која што го одбирате градот и терминот кој најдобро ви одговара.

Пријави се!